Објавено на:

Анонимуси ја хакираа руската федерална агенција и објавија 360.000 фајлови

t

Најпознатата хакерска група Анонимуси ја хакираше Роскомнадзор, руската федерална агенција одговорна за следење и цензура на медиумите и објави 360.000 датотеки, соопшти групата на својот налог на Твитер.

Меѓу цензурираните документи објавени од Анонимуси, од кои некои датираат од 5 март, се и оние кои покажуваат дека Москва цензурирала сè каде се споменува војната како „руска инвазија“ на Украина.

Роскомнадзор го блокираше пристапот на Русите на Фејсбук, откако руски написи беа означени како неточни. Органот, исто така, се закани дека ќе ја блокира руската Википедија поради вклучувањето на напис за „руската инвазија“, објави „Џерусалим пост“.

Анонимуси пред неколку дена хакираа неколку руски медиуми, прекинувајќи ја нивната содржина и оставија порака дека „нормалните Руси не ја поддржуваат војната“.

„Почитувани граѓани. Ве повикуваме да престанете со ова лудило, не ги праќајте вашите синови и сопрузи во сигурна смрт. Путин нè тера да лажеме и нè загрозува“, се вели во соопштението на руски јазик. „Изолирани сме од остатокот од светот, повеќе не се тргува со нафта и гас. За неколку години ќе живееме како во Северна Кореја“, се вели во соопштението.

Анонимуси водат кибер војна против Русија од 24 февруари, кога започна инвазијата. Групата е заслужна за хакирање на голем број веб-страници на руската влада. Тие, исто така, отворија веб-страница на која корисниците можат да испраќаат мејлови до случајни Руси чии електронски адреси се зачувани во базата на податоци и ги охрабрија корисниците да ја „шират вистината за војната во Украина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан: 50 милијарди евра за Украина, лоша…

Унгарија смета дека парите на ЕУ за…

Мислел животот е компјутерска игра: Малолетник украл…

На 20.12.2023, полициски службеници на СВР Тетово…

Папата Франциск ги критикува “нефлексибилните” позиции кои…

Папата Франциск во четвртокот предупреди на нефлексибилните…

Стејт департментот не открива дали САД „помагаат…

САД ја охрабруваат Владата на Северна Македонија…

(Видео)  Возел во спротивен правец на автопатот…

Уапсен маж кој возел во спротивна насока…