Бектеши тврди државните резерви се полни: Од денеска забранет извозот на пченица, јачмен, пченка и брашно

t

Од денеска е забранет извозот на пченица, јачмен, пченка, пченично брашно, семе од сончеглед и сончогледови масла, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.

Одлуката за забрана ја донесе Владата и ќе трае во наредните десет дена, а нејзината цел, како што напомена Бектеши, е да се избегнат шпекулативни дејства на трговците и производителите, заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните.

– Одлуката се носи превентивно за да не настанат поглеми нарушувања на пазрот. Целта на мерката е заштита на домашниот пазар и на граѓаните. Во услови на постпандемија кога се соочуваме со најголемата економска криза во поново време, граѓаните треба да знаат дека Владата е посветена на намалување на негативните пооследици, потенцира министерот.

Тој апелира до сите економски чинители дека сега е вистинско време да се покаже разбирање и да се придонесе за намалување на негативните последици од кризата.

Бектеши уште еднаш порача граѓаните да бидат мирни и да не стравуваат зашрто државни резерви има.

– Им гарантирам на граѓаните дека државните резерви се стабилни и дека има доволно залихи пченица и пченка за покривање на домашните потреби. Секако, ако се појави потреба, државата е подготвена за дополнување на резервите, но засега за тоа нема потреба. Граѓаните да не потклекнуваат на шпекулации и да не се грижат, рече Бектеши.

Министерот од прес-конференцијата во Владата ги повика пратениците уште еднаш, итно да ги донесат законските измени за акцизите и ДДВ-то што беа доставени вчера до Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

За сечиј вкус: Атомски фудбал вечерва во…

Вкупно десет гола и еден куп возбудувања…

Груевски: Жалам што после седум години ветување…

Пишува Никола Груевски на социјалните мрежи: УНИВЕРЗАЛНА…

Салиу: Ако нешто ми се случи одговор…

Вчера на емисија на национален медиум Драган…

Николас на 7 години е убиен додека…

Тогаш седумгодишниот Николас заминал на одмор со…