Објавено на:

Белата куќа: Војната во Украина е стратешка катастрофа за Русија

t

Војната во Украина е „стратешка катастрофа за Русија“ и „стратешки неуспех за Путин“, сметаат од Белата куќа.

Портпаролката, Кејт Бедингфилд, изјави дека сега има „неоспорни докази“ дека војната, која трае повеќе од еден месец, не го постигнала она што рускиот претседател Владимир Путин сакал да го направи и дека Кремљ сега се обидува да ги „редефинира“ своите првични цели.

Видовме неоспорни докази дека ова е стратешка катастрофа за Русија. Видовме дека ова беше стратешки неуспех за Путин и за Русија. Тие работат на редефинирање на првичните цели на нивниот напад. И одново и одново видовме дека санкциите што се применуваат нанесуваат екстремни трошоци за нивната економија – вели Бедингфилд.

Таа најави и дополнителни санкции против руските технолошки компании кои ја овозможиле „војната на Путин“.

Ќе ги спречиме да набавуваат западна технологија и да ги избегнат нашите строги санкции. Ние, исто така, ги прошируваме нашите овластувања за санкции за да таргетираме дополнителни сектори на руската економија, важни за Путин, вклучително авијацијата, транспортот и електронскиот сектор – додаде Бедингфилд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на Бор „Водовод“ поднесе оставка, осомничен…

Градоначалникот на Бор, Александар Милекиќ денеска на…

Бојмацалиев: МВР во минатото затвораше телевизии, но…

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко…

(Видео) Георгиевски: Мицкоски се зачленува во ВМРО-ДПМНЕ…

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо…

Османи: Се залагам за еднаква држава за…

Кандидатот за европски претседател на Република Македонија,…

Дачиќ: Јас сум за смртна казна

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ…