Објавено на:

Белорусија одлучила да го прифати руското нуклеарно оружје по долгогодишниот притисок од САД

t

Белорусија денеска одговори дека одлучила да го прифати руското тактичко нуклеарно оружје по долгогодишниот притисок од САД и нивните сојузници, насочен кон промена на политичката и геополитичка насока, наведе Хина.

Рускиот претседател Владимир Путин во саботата изјави дека Москва во иднина ќе се обиде да распореди тактичко нуклеарно оружје кај верниот сојузник и сосед Белорусија, со што ќе го ескалира конфликтот со Западот.

Белоруското Министерство за надворешни работи денеска ја бранеше својата одлука да соработува со Русија, наведувајќи дека Минск дејствува за да се заштити од Западот.

„Во текот на изминатите две и пол години, Република Белорусија беше изложена на невиден политички, економски и информативен притисок од САД, Обединетото Кралство и нивните сојузници во НАТО, како и од земјите членки на Европската унија“, се наведува во соопштението на белоруското МНР.

„Со оглед на овие околности и оправданите грижи и ризици во сферата на националната безбедност што произлегуваат од нив, Белорусија е принудена да одговори со зајакнување на сопствените безбедносни и одбранбени капацитети“, се додава во соопштението.

Минск соопшти дека руските нуклеарни планови нема да бидат во спротивност со меѓународните договори за неширење на нуклеарното оружје, бидејќи самата Белорусија нема да има контрола над оружјето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Непалци и Филипинци работат во рестораните низ…

Непалци и Филипинци се вработуваат во угостителските…

(Видео) Изгаснат пожарот во Скопје, четири возила…

Пожарникарите успеаа да го изгаснат пожарот што…

Ванковска: Раскинување на Договорот со Бугарија, преиспитување…

Раскинување на Договорот со Бугарија, преиспитување на…

(Фото+Видео) Убиецот на малата Данка Илиќ донесен…

Осомничениот за смртта на Данка Илиќ (2),…