Бислимоски за БЕГ: Со сила убавина не бидува, имаме џентлментски договор

t

РКЕ пред скоро еден месец веќе започна постапка за одземање на лиценцата на БЕГ производство и тврдам дека нема никаква поврзаност во однос на поднесените барања за определување за цената за топлинска енергија, изјави вечерва во Тема на денот на Сител претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

За ситуацијата со БЕГ Бислимоски накратко нагласи дека со сила убавина не бидува.

-Сите можат да се сетат како беше во зимските месеци, имаше одредени проблеми кои се надминаа со помош на Владата за да се ублажи цената за топлинска енергија, рече Бислимоски. Ние во изминатиов период бевме во комуникација со трите компании на БЕГ и поради веќе почнатата постапка за одземање на лиценца за БЕГ производство, веќе и од БЕГ се свесни дека имаат сериозни проблеми во однос на обезбедувањето на природниот гас. Од тие причини РКЕ во тековниот период ќе донесе одлуки со кои ќе се одземат трите лиценци на БЕГ производство, БЕГ дистрибуција и БЕГ снабдување и притоа се разбравме со компаниите џентлментски дека ние одредени постапки ќе прекинеме а тие ќе поднесат барање за престанок на нивните лиценци со една цел да нема ниедна оштетена страна. Треба да бидеме целосно подготвени за следната грејна сезона, потенцираше Бислимоски.

На прашање дали од БЕГ прекршиле некаков закон Бислимоски одговори дека во рамките на џентлментскиот договор со БЕГ сите проблеми кои што можеле да настанат се разрешени спогодбено.

Тој додаде дека отпосле Владата мора да распише тендер на кој што ќе се избере нов вршител на дејноста производство на топлинска енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Син му ја уби Данка, а тој…

Срѓан Јанковиќ (50), работник во Јавното претпријатие…

На прилепски газда му избегале работниците од…

На 07.04.2024 го 21:57часот во Полициската станица…

Нов инцидент на фудбал викендов: Фудбалер на…

Фудбалскиот натпревар помеѓу Тиквеш 1930 и Брера…

Маж од Дебар заврши во притвор оти…

Триесет и едногодишен маж од Дебар заврши…

ДРАМА ВО СЕЛОТО ЗЛОТ ПО УБИСТВОТО НА…

Инспектори на Управата за криминалистичка полиција (УКП)…