Борисов се израдува: Вчера дознав дека Македонија нема да има територијални претензии кон Бугарија

t

Поранешниот бугарски премиер и лидер на најголемата парламентарна опозициска партија, Бојко Борисов, за време на посетата на Силистра, коментираше дека се важни историските прашања, историјата, работата на учебниците, натписите и спомениците.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов потсети на напорите на Бугарија направени уште од времето на претседателот Жељу Желев до потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, поддржан од сите политички партии во Бугарија. Во него, според Борисов, е кажано што треба да се направи и какви комисии треба да има.

Тој рече дека вчера дознал „оти Република Македонија нема да има територијални претензии кон Бугарија“.

-Толку години пред мене ниту еден македонски политичар не си дозволил да каже такво нешто – дека се откажуваат и нема да имаат територијални претензии кон Бугарија, рече поранешниот премиер, потсетувајќи дека Бугарија прва ја поддржа Република Македонија за влез во НАТО, прва ја призна нејзината независност и сака таа да влезе во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…

Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…

Собранието на предлог на Владата, усвои нов…

Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…

Сенатот на САД го усвои Законот за…