Објавено на:

Брнз се надевам на датум за преговори во јуни: Македонија ја одработи задачата, процесот треба да почне час поскоро

t

Македонија ја одработи својата задача во однос на зачленувањето во Европската Унија и сметам дека процесот треба да продолжи што е можно поскоро, а најавениот стратешки дијалог со САД е процес, кој е почнат уште поодамна и не претставува никаква замена за членството во Унијата, изјави денеска американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.

Таа одговарајќи на новинарски прашање на отворениот ден за приказ на воздухоплови кој е дел од вежбата „Swift Response 22“ на спортскиот аеродром „Стенковец“, изрази надеж дека Македонија во јуни ќе добие датум за почеток на преговори.

– Сметам дека Македонија ја одработи својата задача во однос на членството во ЕУ и сметам дека процесот треба да продолжи што е можно побрзо. Сакам да истакнам дека стратешкиот дијалог, кој го воспоставивме не претставува замена за членството во ЕУ, туку станува збор за унапредување на односите, кои досега сме ги имале – истакна Брнз.

Таа појасни дека зајакнувањето на соработката меѓу двете земји сега се одвива и во насока на тоа што Македонија е полноправна членка на НАТО.

– Кажавме дека по зачленувањето на Македонија во НАТО, нашиот однос ќе се промени, затоа што станавме сојузници, седиме на иста маса, имаме еден заеднички глас и се разбира нашата соработка еволуираше во таа насока – рече Брнз.

Стратешкиот дијалог почнува во јуни во повеќе сфери – надворешна политика, економија, инвестиции, одбрана, а следната недела ќе биде дефиниран тимот на министри и експерти од земјава, кои ќе престојуваат во Вашингтон и ќе имаат таму состаноци на соодветното ниво.

Брнз нагласи дека идејата е на иста маса да седнат претставници од различни институции на Македонија и САД и сето ова ќе претставува еден вид билатерална соработка во конректни области, како енергетика, економија, екологија, техника, технологија, култура.

Премиерот Димитар Ковачевски претходно истакна дека стратешкиот дијалог се подготвува повеќе месеци наназад, практично со доаѓањето на новата Влада, МНР работело заедно со колегите од САД на конципирање на формата на тој стратешки дијалог.

Ги наброја сферите на соработка, меѓу кои и енергетиката, а ја спомена и минатонеделната средба во Александрополи, напоменувајќи дека првпат ќе имаме тек на гас, којшто не е од исток кон запад, туку ќе биде од југ кон север.

– Таму практично својата стратешка поддршка ја дадоа и САД со присуство на сите амбасадори од регионот. Македонија веќе направи закуп на количини во терминалот, нормално преку ЕСМ, а исто така ги имаме донесно потребните одлуки и обезбедено финансиските средства за учество во сопствеништво во самиот терминал Александрополи, кое што нормално ќе зависи од акционерите коишто се веќе таму и нивната одлука да продадат дел од тие акции на Македонија – истакна тој.

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, потврди дека таа и министерот за надворешни работи Бујар Османи на 2 јуни заминуваат за Вашингтон, а во делегацијата ќе бидат вклучени и членови на Владата од другите сегменти.

– Станува збор за континуитет на соработката помеѓу САД и Македонија, во делот на одбраната. Тоа не е новина, напротив претставува континуитет на она што досега го работиме и соработуваме со нив. Сѐ уште сме во очекување на деталите за темите за кои ќе се разговараат. Се подразбира таа моја посета на Вашингтон ќе биде искористена и за средби со дел од претставниците на Стејт департментот и Пентагон се разбира – додаде Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовец измамен, платил преку интернет 21 илјада…

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот…

Хамас е подготвен на примирје со Израел…

Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа,…

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето…

Пет тинејџери се обвинети за терористички дела…

ЦУК: Без пожари на отворено, поплавен подвозник,…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Украинските мажи нема да можат да вадат…

Украинската влада донесе одлука со која дополнително…