Брнз: Со членството на Македонија, НАТО дополнителни се засили

t

НАТО е група од 30 суверени, независни земји кои споделуваат заеднички идеали за заштита на своите граѓани, почитување на нивните соседи и обезбедување посигурна, стабилна иднина за цела Европа. Посветеноста на Северна Македонија на овие принципи е несомнено силна. А со Северна Македонија, сојузот само се засили, изјави американската амбасадорка Кејт Мери Брнз, на одбележувањето на Денот на НАТО – 4 Април, настан во организација на Евроатлантскиот Совет на Северна Македонија, а во соработка со Министерството за одбрана, Едукативниот Центар М6 и НАТО Секторот за јавна дипломатија од Брисел.

Како депозитар на НАТО, САД беа првите што и посакаа добредојде на Северна Македонија во Алијансата пред две години.

– Како рамноправен партнер, горди сме што стоиме обединети со Северна Македонија и секој НАТО сојузник во нашата желба „да живееме во мир со сите народи и сите влади“, порача Брнз, во своето видео обраќање.

Сега, кога неоправданата агресија на Русија во Украина ја загрозува регионалната безбедност, Брнз вели дека, гледаме колку е важно тоа партнерство и за Северна Македонија и за Европа.

– Како вреден и рамноправен партнер, Северна Македонија доброволно го сподели товарот за одговор на оваа актуелна закана. Стоејќи рамо до рамо во солидарност со своите соседи и сојузници цврста во својата посветеност на мирот и безбедноста за цела Европа преку дипломатски и воени средства – Северна Македонија е пример на духот на овој одбранбен сојуз кој беше создаден пред 73 години, изјави Брнз, во видео обраќање.

НАТО е сојуз на дела и зборови, рече Брнз и додаде дека Северна Македонија продолжува да го почитува своето ветување дека ќе ја исполни обврската за инвестирање во одбраната до 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крмов: Ние одиме сами против сите и…

Борис Крмов од Левица во емисија на…

Битиќи: На 8 мај сите прогресивни сили…

„Сите прогресивни сили ќе гласаат против ксенофобијата…

Се одложи гласањето на Резолуцијата за Сребреница

Седницата на која на дневен ред беше…

Првата група Рафали пристигна во Хрватска

Првата група од шест повеќенаменски борбени авиони…

Ковачевски: Сите да размислат што ќе биде…

Сите треба добро да размислат за иднината,…