Бугарија зачудена од реакциите во Македонија за клубот „Ванчо Михајлов“

t

Бугарското МНР преку соопштение изрази зачуденост од позициите на властите во Скопје и антибугарската кампања во медиумите во врска со клубот „Ванчо Михајлов“.

-Зачудени сме од остриот став на претставниците на властите во Република Македонија и антибугарската кампања што се спроведува во медиумите во нашата соседна земја во последните денови во врска со отворањето на клуб при Здружението Културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, се наведува во синоќешната реакција на бугарското МНР.

Оттаму посочуваат дека во Македонија повторно се шири омраза против Бугарија поттикната од политички партии, но и од академската заедница.

-Повторно сме сведоци на говор на омраза против Бугарија, кој е поттикнат од парламентарните политички партии, претставници на јавноста и на академската заедница. Посебно загрижува фактот што се прават обиди Бугарија и бугарскиот народ нeправедно да се изедначат со фашизмот. Ширењето на тенденциозни погрешни толкувања на историјата е токму една од причините поради која имаме Договор за добососедство и формиравме Заедничка комисија за историски прашања. Очигледна е потребата таа да направи вистински напредок на чувствителните теми во нашата заедничка историја, стои во реакцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Подобро да бидам најлошиот на светот,…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска од…

Балканските музички ѕвезди се простуваат од Џаро:…

На 75-годишна возраст почина Велибор Џаровски Џаро,…

Орбан: Се ближи крај на либералната западна…

Оваа година може да биде крајот на…

Полска не се откажува од барањето за…

Шефот на полската дипломатија Радослав Шикорски во…

САД ѝ испорача на Украина балистички ракети…

САД испратија нов ракетен систем со долг…