Бугарски министер: Македонија треба да влезе во ЕУ

t

Нашите посети не се избрзани, туку многу задоцнети. Дијалогот со РСМ го најдовме на точка на замрзнување, стигнавме до точка каде што се гледавме со камења преку границата, изјави бугарскиот министер за иновации и развој, Даниел Лорер.

Тој посочува дека неговата посета се одвивала според програмата што ја изградиле како Влада за преговорите.

-Нашиот распоред за постигнување резултати е интензивен, сакаме да видиме резултати, бидејќи национален интерес на Бугарија не е само да биде богата и правична земја, туку и да биде опкружена со такви богати соседи. Македонија треба да биде во ЕУ, нагласи Лорер.

-Македонските институции се структурирани како нашите, ова е добра вест, има лесна паралела од двете страни. Колегите од РСМ се заинтересирани за економскиот дијалог со Бугарија каде што ние сме големата економија. Бугарија е голем инвеститор во РСМ и претставува многу посакуван партнер и покрај замрзнатите односи досега, изјави Лорер за „bTV“.

Бугарскиот министер додава дека директната авиолинија е првото олицетворение на растечкото зближување меѓу двете земји.

-Бугарија треба да се приклучи во македонската економија. За да избегнеме шпекулации дали има дискриминација кон инвеститори од Бугарија или Македонија, создадовме механизам во кој доколку компанија-инвеститор се сомнева во дискриминација, може да даде сигнал и да пријави, додаде Лаурер и посочи дека Бугарија нема потреба да ги води бугарските инвеститори. во нашата држава, туку тие самите доаѓаат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАСА ќе лансира дури три ракети за…

Ракетите ќе ја мерат густината на наелектризираните…

Шмит: Чувствувам дека сум гарант за постоењето…

Високиот претставник на Европската унија во Босна…

Додик повторно најави можност за независност на…

Република Српска (РС) не сака да го…

Пендаровски: Целосен ветинг на судии и обвинители,…

На вториот ден од победничкиот караван, кандидатот…

Лукаревска очекува дека ДУИ ќе го поддржи…

Заменик претседателката на СДСМ во интервју за…