Бугарски министер: Никој во Европа не разбираше што сакаме од Македонија

t

Одлуката за Република Македонија го штити бугарскиот интерес, изјавил денес бугарскиот министер за иновации и раст во оставка Даниел Лорер.

Според него, правилно е бугарскиот парламент со одлука да го поддржи преговарачкиот процес на Република Македонија и Албанија за влез во ЕУ, бидејќи е потребен широк консензус на темата.

„Темата Република Македонија е толку болна за Бугарија што не е во ред мала група луѓе да одлучува за тоа. Нешто толку важно мора да биде одлука на бугарскиот парламент“, смета Лорер.

„Никој во Европа не разбираше што сакаме од Македонија. Поминавме шест месеци објаснувајќи им ги правата на Бугарите и јазикот на омразата. Ова е успех за бугарската дипломатија“, додал министерот во оставка.

Според Лорер, на оваа тема настанала ситуација на брзање, бидејќи истекува француското претседателство со Советот на ЕУ, при што може да дојде до промена на политичката конфигурација во Европа и никогаш повеќе да не се добие таков соодветен предлог.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…