Објавено на:

Бундестаг: Обуката на Украинците во Германија може да се третира како учество во војната

t

Обуката на украинските војници за ракување со западно оружје на територијата на Германија, според меѓународното право, може да се третира како учество во самата војна, гласи заклучокот на Научниот совет на Бундестагот, пренесуваат германските медиуми.

„Постои научен консензус дека испораката на оружје не е чин на влегување во војна. Но, кога испораката на оружје е поврзана со обука за испорака на оружје, можеме да зборуваме за напуштање на сферата на неучество во војна“, соопшти Научниот совет на Бундестагот.

Според експертскиот извештај, правниот статус на „неучество во војната“ го заменил поимот „традиционална неутралност“ во меѓународното право во последниве години, пред се’ за давање помош на земјите погодени од странска агресија, како што е во моментов случајот со Украина.

Обука во воената база Рамштајн

Експертскиот извештај под наслов „Правните прашања за воената помош на членките на НАТО на Украина меѓу неутралноста и учеството во конфликтот“ беше составен во март пред одлуката на Бундестагот да испорача тешко оружје на Украина. Научниот совет на Бундестагот е составен од научници од различни области кои му помагаат на Бундестагот да решава сложени прашања.

Американското Министерство за одбрана кон крајот на минатата недела објави дека обуката на украинските војници за употреба на западно оружје, меѓу другото, се спроведува и во американските бази во Германија.

Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт потврди дека обуката се одвива во воената база Рамштајн во јужна Германија и дека Германија ќе биде „сè повеќе вклучена“ во обуката на украинските војници, особено кога станува збор за ракување со „артилериско оружје“.

„Ова ја прави Германија учесник во војната“

Парламентарната германска партија Левица ја критикуваше обуката на украинските војници на германска територија, велејќи дека Германија ја „загрозува цела Европа“.

„Одлуката на владините партии и демохристијанската опозиција да ја снабдат Украина со тешко оружје и да овозможат обука на украински војници во Германија ја прави Германија активен учесник во војната“, рече Жаклин Натич, претставник на партијата Левица во Бундестагот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсена француска градоначалничка, дома чувала 70 килограми…

Француската полиција ја уапси градоначалничката на градот…

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра…

Инвестициите во инфраструктурата се од клучно значење…

Јавните претпријатија во Битола се „дават“ во…

Сите битолски јавни претпријатија освен ЈП „Нискоградба“…

И штипската фирма „Актива“ доби пристап до…

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска ја…

Трамп: Сакам кај нас да доаѓаат имигранти…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, за време…