Објавено на:

(Видео) Бер Грилс му понудил чоколадо на Зеленски, обезбедувањето мислело дека сака да го отруе

t

Познатиот авантурист Бер Грилс е обвинет дека се обидел да го отруе украинскиот претседател Володимир Зеленски со чоколадо за време на неговата посета на Украина, пишува британски Телеграф.

Грилс му понудил на Зеленски чоколадо за да го „скрши мразот“ за време на нивниот прв состанок минатата година – но безбедносниот тим на претседателот не бил среќен.

Понудата ја одбиле поради опасност Грилс (48) да се обиде да го убие Зеленски.

– Го разбрав тоа – изјави Грилс во понеделникот за британската телевизија додека разговараше за неговиот нов документарен филм на Канал 4 „Бер Грилс се среќава со претседателот Зеленски“.

Бер Грилс делел храна со други светски лидери, вклучително и парчиња лосос што ги уловил со поранешниот американски претседател Барак Обама во дивината на Алјаска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокат по грешка развел погрешна двојка

Мала компјутерска грешка во адвокатска фирма специјализирана…

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Во центарот на Славонски Брод во попладневните…

ЗАВРШИ ГЛАСАЊЕТО ВО ЗАТВОРИТЕ, НА БОЛНИТЕ И…

Вкупно 14-те гласачки места во казнено поправни…

(Фото) Апасиев се огласи со оптимистички пораки…

Апасиев се огласи на социјалните мрежи со…

11 лица незаконски работеле на Токсикологија

5 медицински сестри, 3 болничари, 1 лаборант…