(Видео) Бучковски се пишмани: Нема да влеземе во ЕУ ако треба да признаеме дека Делчев е Бугарин

t

Нема да влеземе во Европската Унија ако мораме да признаеме дека Гоце Делчев е Бугарин, истакна поранешниот специјален преговарач на Македонија со Бугарија, Владо Бучковски, во интервју за бугарскиот медиум Нова, одговарајќи на прашањето што ќе се случи доколку Софија инсистира Скопје да признае дека револуционерот е Бугарин како услов за членство на земјата во ЕУ.

– Имам голема почит кон Гоце Делчев поради начинот на кој растевме ние Македонците – со митот, легендата за големиот апологет. Но, од друга страна, Гоце се борел за слобода не само во Македонија, туку и во Едрене. Тој е големиот револуционер, кој мислам дека е фигурата што ја прикажува нашата заедничка историја. Па ако ни биде поставен услов да признаеме дека Делчев е Бугарин во замена за членство во Европската Унија, тогаш не мора никогаш да станеме членка на ЕУ. Мислам дека тоа не е патот кој нѐ води кон целта – истакна Бучковски.

На прашањето дали самиот Гоце Делчев би се срамел ако види на кои теми се расправаат Македонците и Бугарите, Бучковски вели дека дефинитивно би се срамел.

– Би се срамел и мислам дека и сега се превртува во гробот, поради неговите идеали, поради неговите идеи. Денес тој би бил еден од најголемите космополити. Во време кога двете влади демонстрираат волја со нова методологија да зборуваат не само за историјата, туку повеќе да зборуваат за иднината, мислам дека опозицијата во нашиот парламент прави нешто што не треба да се прави во овој момент – истакна Бучковски, алудирајќи на неодамнешната парламентарна седница на која дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се појавија облечени во маици на коишто беше испечатен ликот на Гоце Делчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со автомобил удрено 12 годишно дете во…

Возач со автомобил во текот на вчерашниот…

По банкротот се разговара бизнисот на „Ван…

Банкрот прогласи белгиската компанија „Ван Хол“, која…

Јакимовски со честитка за Рамазан Бајрам: За…

Честитки по повод големиот празник Рамазан Бајрам…

Тома Фила: Собраните докази и ДНК трагите…

Адвокатот Тома Фил денеска во врска со…