Објавено на:

(Видео) Вистински пекол: Украинците објавија снимка како Русите гаѓаат со термобарични бомби!

t

Нова снимка открива како руската армија со застрашувачки напади со термобарични бомби урива станбени блокови во Доњецк, јавува „Слободна Далмација“.

Термобаричното оружје предизвика магла од високо запаливиот аеросол неколку моменти пред детонацијата. Кога ќе избие, облакот од пареа се пали и го вшмукува околниот воздух, создавајќи повисоки температури и поштетни експлозии кои траат многу подолго од вообичаените експлозии.

И покрај тврдењата на руското министерство дека негираат гранатирање на станбени области, ново објавеното видео го демантира тоа.

По кратката деескалација за прегрупирање и консолидирање на бројот на војниците, бруталниот напад на Русија врз источен Донбас продолжи оваа недела со серија разорни напади додека трупите на Путин се обидуваат да заземат поголема територија во југоисточна Украина.

Во извештајот на украинските копнени сили се вели дека руските единици сега се обидуваат да го одбранат теренот што веќе го зазеле во областите Луганск, Запорожје, Керсон и Харков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја нападнал на работно место, а потоа…

Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на…

Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак…

Полскиот државјанин Павел К. е уапсен под…

26 годишно момче од Македонска Каменица уапсено…

Полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица…

Маричиќ вели дека оваа влада ги зголемила…

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за…