(Видео) Воена вежба на Криволак – Блесок-22

t

По успешно завршеното оценување на Лесниот пешадиски баталјон во рамки на воената вежба „Блесок-22”, денеска на Армискиот полигон „Криволак“ ќе се реализира „Ден за високи гости“.

Според програмата, преку изведување на вежба со боево гаѓање насловена „Засилен лесен пешадиски баталјон во напад“, ќе бидат демонстрирани ситуации и постапки со кои ќе се прикаже обученоста и извежбаноста на припадниците на Армијата од Лесниот пешадиски баталјон и дел од единиците кои учествуваа на вежбата „Блесок-22“.

На демонстрацијата е најавено присуство на премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, претставници на Владата, на Кабинетот на претседателот на државата, на Собранието, на Генералштабот и на Министерството за одбрана, армиски генерали, команданти на команди и единици на Армијата, како и воени аташеа акредитирани во земјава.

Оценувањето на Лесниот пешадиски баталјон го спроведе оценувачкиот тим на Армијата, поддржани од оценувачи од други земји и тим на монитори од НАТО, при што официјалната оценка е „борбено оспособен за извршување на својата мисија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Самсунг го напушта Израел

Јужнокорејскиот производител на телефони и електронска одлука,…

Либан привремено ќе го затвори воздушниот простор

Либан ќе го затвори својот воздушен простор…

Бела куќа: Нападот на Иран врз Израел…

Портпаролката на Советот за национална безбедност на…

Израел го затвори воздушниот простор

Израелската управа за аеродроми (ИАА) соопшти дека…

(Видео) Што се случува со Силјановска? Истрча…

На социјалните мрежи се споделува видео од…