Објавено на:

(Видео) Градоначалникот на Чернихив покажа како изгледа градот, вели на гробиштата повеќе нема место

t

Градоначалникот на Чернихив, Владислав Атрошенко објави видео снимено од автомобил со кој минува низ градот и прикажува целосно разрушени куќи и на некои места густ чад.

Во видеото тој вели дека градските гробишта се полни и повеќе немаат каде да ги погребуваат починатите.

„Мртвите ги чуваме во мртовечница подолго од што е потребно“

-Градските гробишта повеќе немаат место, па починатите ги чуваме во мртовечница и фрижидери подолго од вообичаеното. Погребуваме луѓе на старите гробишта кои веќе некое време не се користат, истакнува Атрошенко во видеото.

На прашањето колку луѓе досега се починати, градоначалникот истакнал дека градот не води статистика, но дека сите случаи ќе ги решава Обвинителството.

-Овде имаше директен удар. Таму гори трактор. Во моментов се наоѓаме во воена зона. Многу е опасно да се биде тука, истакнува Атрошенко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АФРИКАНСКАТА ЧУМА КОСИ ВО ДЕЛЧЕВСКО; Прогласена е…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Кадиров: Воената операција во Украина може да…

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека преземањето…

ЕУ претстави важен план за Западен Балкан…

Иднината на Западен Балкан е во Европската…

(Видео) Слон во потрага по храна удри…

Австралиско семејство кое било на одмор во…

Дете нападна маж во Битола за да…

Битолското обвинителство поднесе барање за поведување подготвителна…