(Видео) ГРОМ до Владата: Следува тешка зима, веднаш да се забрани извоз на жито и житни култури!

t

Почитувани, на војната во Украина не и се гледа крајот. Намаленото производство на жито и житни култури сериозно ќе влијае на производството на храна во целиот свет. Дополнително се усложнува ситуацијата со неможноста Украина да извезува со бродски транспорт како и санкцииите према Русија како два најголеми светски производители на овие култури.

Тоа значи дека треба да се подготвиме за тешка зима и затоа стоковите резерви за жито треба да бидат полни но во исто време владата треба веднаш да донесе одлука за забрана на извоз на жито и житни култури и уште од сега да ги обезбеди дополнителните количини на брашно и други продукти затоа што се очекува сите земји во регионот да забранат извоз на жито и брашно.

Производителите не смат да бидат оштетени и нивната цена да биде депресирана, напротив Граѓанската Опција за Македонија предлага откупната цена на житото да се формира според светските берзански цени. На таков начин ќе ги заштитимие производителите но во исто време ќе бидеме сигурни граѓаните, сточниот и животинскиот фонд на Македонија ќе бидат обезбедни за оваа и наредната година.

Повикуваме владата да постапува одговорно и сериозно да одговори на опасноста која ни демне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто…

До 17 часот во првиот круг од…

МВР: Пет лица фотографирале гласачко ливче на…

Од МВР информираат дека фотографирање гласачко ливче,…

НАЈНОВА ВЕСТ: Гласањето е прекинато на ова…

Гласањето во избирачкото место 1112/1 во Липковo…

Фон дер Лајен вели: Западниот Балкан е…

На 1 мај 2004 година мојот претходник…

Кулеба ги пофали американските политичари за одобрувањето…

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро…