Објавено на:

(Видео) Дали ова младо момче е можниот наследник на Путин?!

t

Снимката од разговорот на Владимир Путин со маж за време на парадата на Денот на победата во Москва продолжува да ја интригира јавноста. Се шпекулираше дека човекот еден ден би можел да го замени Владимир Путин. Иако неговиот идентитет сè уште не е потврден, некои тврдат дека се работи за Дмитриј Ковалев, пренесува Мондо.

Видеото кое на Твитер има повеќе од 45.000 прегледи го сподели украинскиот возач на автомобилски трки, Игор Сушко. И Сушко тврди дека младиот човек е Ковалев.

„Младиот човек со кој Путин имаше долг и искрен разговор на Црвениот плоштад е шефот на претседателската администрација Дмитриј Ковалев“, напиша тој на Твитер, додавајќи дека неговиот идентитет засега не може со сигурност да се потврди.

„Веднаш почнаа да кружат гласини дека тој би можел да биде избраниот наследник на Путин“, додаде Сушко.

На страницата База на Телеграм, исто така, се тврди дека Путин разговарал со Ковалев и дека тој е потенцијален наследник на лидерот.

„База го откри идентитетот на еден млад човек кој разговарал со Владимир Путин за нешто по завршувањето на Парадата на победата. За време на преносот во живо, камерата го сними нивниот разговор. Некои канали на Телеграм сугерираат дека младиот човек е идниот наследник. Ковалев шета покрај Путин, има 36 години и е задолжен за еден од секторите на претседателската администрација“, се наведува на страницата на Телеграм.

„На профилот на Ковалев има многу фотографии од хокеј. Можно е тој така да го запознал Путин“, се додава.

Иако Путин јавно не објави дека ќе поднесе оставка од функцијата руски лидер, сепак постојано се шпекулира за неговата здравствена состојба, пишува Њузвик. Кремљ решително ги демантираше ваквите шпекулации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон Дер Лајен полека ја губи поддршката…

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер…

Зеленски: Американската помош испраќа порака дека ќе…

Американската помош за Украина ќе испрати порака…

МОН: Ќе се одработува и Самитот на…

Министерството за образование и наука информира дека…

(Фото) Македонија му е во срцето: Ова…

На собирот во Мелник пред неколку денови…

Грција зафатена од прашина од Сахара

Прашина од Сахара денеска ја зафати Грција,…