Објавено на:

(Видео) Ексклузивни снимки: Оклопни возила на НАТО на границата помеѓу Романија и Украина

t

Жителите на Сибиу, град во централна Романија, денеска на социјалните мрежи објавија видео од префрлање на воена опрема на НАТО во Ужхород, Украина.

Советникот на претседателот на Украина, Михаил Подољак изјави дека претседателот на Украина Володимир Зеленски најверојатно ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин дури по очекуваната голема битка за источен Донбас.

„Украина е подготвена за големи битки. Украина мора да победи, особено во Донбас. И после тоа Украина ќе добие помоќна преговарачка позиција, од која ќе може да ги диктира условите. Потоа ќе се сретнат претседателите. Тоа може да биде две или три недели“, изјави Подољак.

Инаку, украинскиот министер за надворешни работи Димитро Кулеба во петокот предупреди дека битката за Донбас ќе биде „како Втората светска војна“.

Затоа апелираше до НАТО да испрати дополнителни залихи оружје.

„Или ќе ни помагнете сега – а јас зборувам за денови, а не за недели – или вашата помош ќе дојде предоцна и многу луѓе ќе умрат“, рече Кулеба на самитот на НАТО во Брисел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

60-годишник го фотографирал гласачкото ливче, полицијата го…

Полицијата вчера уапси 60-годишен гостиварец. - На…

Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите…

Во Брисел денеска почна трилатерална средба на…

2-ГОДИШНО ДЕТЕ МЕЃУ ПОВРЕДЕНИТЕ – Тешка сообраќајка…

На стариот реконструиран пат Градско-Велес на стотина…

Обид за напад на Белорусија

Белоруските специјални служби спречија напади со беспилотни…

Уапсени група крадци на ретки книги

Крадците кои краделе ретки први изданија на…