(Видео) Каква брука – Прв прес на БГ-МК клубот: Во Македонија постои ксенофобија поради која хистерично се порекнува заедничката историја со Бугарија

t

Во Македонија постои ксенофобија поради која хистерично ја порекнуваме заедничката историја со Бугарија, порачува Катерина Колозова, која е еден од македонските претставници во новиот бугарско- македонски клуб за пријателство, чија цел според членовите е подобрување на односите меѓу Скопје и Софија. На денешната прва прес-конференција, не добивме одговор на конкретното прашање каков е овој клуб за помирување ако во него се членови личности со изразита бугарска наклонетост, пренесува Алфа.

-Сите имаме заеднички споделени истории. Во Македонија ние делиме историја сигурно со Грција, со Србија, со Албанија. Мислам дека тоа ние е некако полесно да го признаеме. Мислам дека тоа ние е полесно некако да го признаеме отколку споделената историја со Бугарија и во тоа хистерично порекнување на споделената или заедничпката историја со Бугарија има еден симптом и тој симтом е резултат на градена ксенофобија, која што ние треба да ја надминеме од наша страна, изјави Колозова.

Колозова има поблиски ставови до бугарските, што беше очигледно од позициите на Атанас Шарков од бугарската страна на овој клуб, кој порача дека мора да се менуваат историските учебници, велејќи дека во срединатата на минатиот век живееле македонизирани Бугари.

-Не е востановена историската вистина за репресивните дејствија и процесите меѓу 44-та и 64-та година. Таа историја не се учи во бугарските училишта, при што бугарската држава македонизираше Бугари. Така што тоа треба да се учи во двете држави, изјави Шарков.

Во клубот од повидните личности се и поранешните премиери Владо Бучковкси и Љубчо Георгиевски, чии ставови во однос на спорот меѓу Македонија и Бугарија се добро познати. Поранешниот македонски премиер во повеќе наврати има порачано дека ние мора повеќе да направиме за Бугарија да го тргне ветото.

-Дефинитивно и од наша страна треба да се помести нешто, ова е заедничко можеме да го славиме, ова не. Меѓутоа не, нема таква иницијатива, за жал нема таква иницијатива, велеше Георгиевски.

Од Бучковски не добивме конкретен одговор дали овој клуб има кредибилитет, со оглед на тоа што од македонска страна има луѓе кои ги застапуваат бугарските гледишта. Одговорот беше дека станувало збор за клуб кој е со цел подобрување на односите.

-Врз основа на тој договор за пријателство и соработка од 2017-та година. Со дополнителни напори на двете граѓански општества да изградиме еден амбиент пред се уште еднаш повторувам меѓусебно почитување и разбирање и да бараме и со наша поддршка, двете влади да дојдат до одржливо решение , при што ни едната и другата страна нема да се чувствуватт дека се понижени, изјави Булчковски.

Поранешниот премиер и доскорашен специјалан преговарач со Бугарија, запрашан што ќе биде со овој клуб, доколку во јуни дојде новото очекувано вето од Софија, одговори дека не би сакал да збори што би било кога би било.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Левица не коалиција со криминалци и…

Јавно ги демантираме малициозните наративи изготвени во…

Ова е причината за смртта на Далибор…

Далибор Драгијевиќ е уапсен вчера, заедно со…

(Видео) Силјановска како да не сака да…

Слијановска се однесува како да не сака…

Османи: Неопходно е да се бориме против…

Кандидатот за претседател од Европскиот фронт, Бујар…

НАЈНОВА ВЕСТ: Братот на убиецот на Данка…

Осомничениот Д. Д. (1984) од Бор кој…