Објавено на:

(Видео) Морничави снимки од Кина: Исфрлаат луѓе од домовите и ги влечат по улици

t

Бројни снимки на социјалните мрежи ги покажуваат жителите на Шангај во судир со полицајци во заштитно одело, откако дошле да ги извлечат од нивните домови и да ги претворат во карантин објекти. Епидемијата на коронавирусот во градот не попушта, а Кина инсистира на својата строга “нулти ковид” политика.

Шангај, мега град со популација која брои 25 милиони луѓе, клучен финансиски центар на Кина, е под најголем епидемиски бран уште од почетокот на пандемијата во Вухан пред повеќе од две години. Избивањето на епидемијата довело до повторно затворање на градот кон крајот на март иницијално на девет дена, за жителите да се тестираат во две фази.

Кина со дронови кои ги прелетувале станбените згради надгледувала дали се крши карантинот. Во Шангај пред една недела бил забележан рекорден број на новозаразени од 21.000, трет ден по ред, што покажува дека нема знаци дека би можело да дојде до намалување на бројките и покрај заострените мерки.

Градските власти во меѓувреме ги признале пропустите, додека тројца локални службеници во Шангај се сменети поради несоодветна реакција на избивањето на епидемијата на ковид во најголемиот кинески град, каде жителите се жалат на строгите услови на локдаунот, што довело до недостиг на храна и основни производи.

Во меѓувреме се појавиле нови, уште повознемирувачки снимки, кои почнале да циркулираат на социјалните мрежи доцна во четвртокот, а на кои се гледа судирот на жителите со полицијата.

Се гледа како полицајци во заштитни одела насилно одвлекуваат еден жител во ограден дел, додека луѓето врискаат и плачат, а минувачите ги снимаат сцените.

До инцидентот, како што пренесува “Guardian”, дошло откако властите наредиле да се иселат 39 домаќинства од објектите за тука да се сместат заразени пациенти.

„Ова е лудо. Никогаш не сме помислиле дека вакво нешто би можело да се случи во Шангај. Зарем повеќе не сме кинескиот прозорец во светот? Зарем на бирократите во Шангај не им е срам од тоа што се случува во нашиот град последните недели?“, се прашува еден жител.

Од групата одговорна за селењето на станарите рекле дека само ги преместиле луѓето во други станови во истата зграда.

Инцидентот кој се случил во четвртокот пружил редок увод во јавниот бес и незадоволството во земјата во која властите не трпат несогласување, а цензорите рутински ги бришат информациите поврзани со протестите кога ќе се постават на социјалните мрежи.

Шангајците последните недели го изразувале својот бес на социјалните мрежи поради недостигот на храна и строгите контроли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокат по грешка развел погрешна двојка

Мала компјутерска грешка во адвокатска фирма специјализирана…

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Во центарот на Славонски Брод во попладневните…

ЗАВРШИ ГЛАСАЊЕТО ВО ЗАТВОРИТЕ, НА БОЛНИТЕ И…

Вкупно 14-те гласачки места во казнено поправни…

(Фото) Апасиев се огласи со оптимистички пораки…

Апасиев се огласи на социјалните мрежи со…

11 лица незаконски работеле на Токсикологија

5 медицински сестри, 3 болничари, 1 лаборант…