(Видео) Надал со сериозни здравствени проблеми: Еве како изгледаше интервенцијата на медицинскиот тим
Рафаел Надал беше загрижен поради проблеми со дишењето на крајот од неговата извонредна победничка серија по последниот пораз од Тејлор Фриц во Индијан Велс.
35-годишниот играч ги освои своите први 20 натпревари во сезоната, освојувајќи три титули, вклучувајќи ја и 21-та грен слем круна на Австралија Опен, и беше фаворит за освојување на првиот Мастерс турнир во 2022 година.
Но наместо тоа, таа чест му припадна на 24-годишниот Американец Фриц, кој славеше победа со 6-3 7-6 (5) и најголемиот момент во кариерата досега.
Ѕвездата на тенисот Рафаел Надал доби третман откако претрпе болки во градите за време на финалето на Индијан Велс.
Шпанскиот играч призна дека сè уште има тешкотии со дишењето по турнирот.
Претходно надал го критикуваше Новак Џоковиќ затоа што не е вакциниран, а даде и поддршка на австралиската Влада која не му дозволи на Џоковиќ да игра на Австралија опен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…