(Видео) На Јане му се повтори историјата на Ченто: Одбил понуда лажно да сведочи за да се спаси од прогон, вели неговиот татко

t

Телевизија Алфа продолжува со репортажите за затворениците осудени на долги затворски казни за 27 апил. Телевизијат го посети домот на Јане Ченто во Прилеп, правнук на легендарниот Методија Андонов – Ченто, кој како и неговиот предок е политички затвореник осуден на 13 години затвор.

На Јане му се случи тоа што му се случи и на неговиот прадедо. Тој се бореше да се сплоти македонскиот народ, да одиме напред како држава. Генот му е таков, живеел со тоа нешто, со тие идеали за доброто на секој граѓанин на Република Македонија, вели Коле Спирковски, таткото на Јане Ченто.

Таткото за Алфа изјави дека неговиот син добил понуда лажно да сведочи во замена за полесна казна.

Кога беше во притвор во Шутка, во ќелијата во која што бил од власта лица се дојдени кај него, му рекле, ќе зборуваш како што ќе ти кажеме и ќе бидеш ослободен од обвиненија. Кога слушнал Јане, рекол дека не сака никакви такви работи. Им рекол, не сакам да ве видам веќе, јас не сакам никој да не земам на душа што не направил ништо, вели татко му, но додава дека обвинителството нашло лажни сведоци кои ги наклеветиле учесниците, меѓу кои и Јане. Тој посочува снимки на кои се гледа дека Јане Ченто оди кон Собранието подоцна од другите учесници, но е сепак осуден за наводно предводење на демонстрантите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Јакимовски со моќна порака од Тетово:…

Претседателскиот кандидат, Стевче Јакимовски својата претседателска кампања…

НАЈБОГАТИТЕ РУСИ СТАНАА УШТЕ ПОБОГАТИ – Војната…

Најбогатите Руси го зголемија своето богатство за…

Уапсен жител на Прењас при обид да…

Според полицијата, запленети се автоматска пушка-калашников и…

„Визер“ започна со нова рута Скопје –…

„Wizz Air“ започна со новата рута од…

Пронајден починат маж во близина на фудбалскиот…

Вчеравечер околу 22.55 часот во ОВР Гостивар…