Објавено на:

(Видео) Нов гаф на Бајден – ги помеша Камбоџа и Колумбија

t

Секој ден нов гаф – американскиот претседател, Џо Бајден, повторно со нов лапсуз. Ги помеша Камбоџа и Колумбија. Па така Камбоџа – која е домаќин на меѓународен самит предводен од лидерите од Југоисточна Азија, ја нарече Колумбија. Тој на состанокот во Пном Пен, Бајден го нарече премиерот на Камбоџа премиер на Колумбија.

„Сега, кога сме повторно заедно овде во Камбоџа, со нетрпение очекувам да надградиме уште поголем напредок отколку што веќе сме постигнале, и сакам да му се заблагодарам на премиерот на Колумбија за неговото лидерство како претседавач со АСЕАН и за гостопримливоста“, рече Бајден, пренесува Ројтерс.

Бајден, кој ќе наполни 80 години на 20 ноември, оваа недела изјави дека има намера повторно да се кандидира во 2024 година, а конечната одлука најверојатно ќе биде донесена на почетокот на следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево со мала до умерена…

Времето денеска ќе биде сончево со мала…

Скопјанец искршил стакла на банка во Аеродром

Вчера во 09:50 часот на подрачјето на…

(Фото) Од далеку многу, далеку од многу:…

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ имало околу 25.000…

Европската Унија издвои шест милијарди евра за…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

АТЕНТАТ НА ВИСОК РУСКИ ФУНКЦИОНЕР: Го избоделе…

Гувернерот на областа Мурманск, Андреј Чибис е…