Објавено на:

(Видео) Објавени нови снимки од падот на кинескиот авион: Паѓал вертикално надоле, никој не знае што се случило

t

На социјалните мрежи се појави снимка од надзорна камера на која е снимен моментот кога паѓа авионот на кинеската авиокомпанија „Чајна Истерн Ерлајнс“, во кој загинаа сите 132 патници (123) и члeнови на екипажот (9).

На снимката се гледа дека авионот паѓа вертикално надолу, целосно без контрола, по што удри во рид и експлодира во близина на градот Вужоу во округот Тенг во јужната провинција Гуангкси.

Авионот MУ5735 полетал нешто по 13 часот по локално време од југозападниот град Кунминг со дестинација до јужниот град Кантон, оддалечен околу 1.300 километри. според Кинеската управа за цивилно воздухопловство (CAAC), авионот изгубил контакт над градот Вуху.

Од Управата за цивилно воздухопловство соопштија дека на местото на несреќата испратиле спасивачки екипи, а противпожарната служба соопшти дека работи на сузбивање на планинскиот пожар предизвикан од несреќата.

Засега нема коментари од компанијата „Чајна Истерн Ерлајнс“, која е една од трите водечки кинески авиокомпании кои оперираат десетици домашни и меѓународни линии до 248 дестинации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Додик повторно најави можност за независност на…

Република Српска (РС) не сака да го…

Османи: Прво уставни измени, па потоа ќе…

Кандидатот за претседател, Бујар Османи истакна дека…

СДСМ: Напади на новинари и злоупотреби на…

СДСМ го осудува нападот на новинарската екипа…

Комеморација за Мирко Попов: Оптимист кој веруваше…

Животот на Мирко нема почеток и крај.…

Аналитичари за Балканот: „Западот не смее да…

„Балканот, област која често се занемарува, е…