(Видео) Одлични вести: Комисијата препорача укинување на носењето маски во затворен простор

t

Комисија за заразни болести денеска одржа редовен состанок на кој донесе одлука за намалување на рестриктивните мерки и препорача две нови мерки.

-Предлагаме укинување на задолжително носење маски во затворен простор. Исклучок од оваа мерка се здравствените установи, домови кои згрижуваат лица, аптеките и јавниот превоз. Маските може да се носат само по желба, но задолжително носење не се практикува, велат од Комисијата.

Одговарајќи на новинарско прашање, од Комисијата појаснија дека оваа мерка ќе се однесува и на наставниците, односно и тие повеќе нема да бидат обврзани да носат заштитна маска.

Втората мерка која ја предлагаат се однесува на следење на контакти.

-Се укинува епидемиолошкото следење на контактите и изолацијата на контактите. Ја проценуваме епидемиолошката состојба и предлагаме постепено олабавување на мерките, посочија од Комисијата.

Мерките ќе бидат предложени до Главниот кризен штаб, а доколку таму бидат усвоени ќе се најдат на седница на владата за крајно усвојување и стапување во сила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Погледнете ја бламажата на Баерн од…

Актуелниот шампион, Баерн Минхен го доживеа најголемиот…

Путин: Западот се обидува да ја разбие…

Западот се обидува да ја разбие Русија,…

Таткото на Вања се распрашувал за камерите:…

Една хрватска новинарска екипа разговарала со експерти…

Вучиќ-Радев: Со Бугарија можеме дополнително да ги…

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, во…

Екипа на „Јутарни лист“ во училиштето на…

Една хрватска новинарска екипа, мотивирана да дознае…