(Видео) Претседателот на комисијата за историја со Бугарија се налути: Ако политичарите се договараат заеднички да чествуваат личности како Делчев која е целта на комисијата?

t

Во пресрет на заедничкото чествување на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на политичари од Македонија и од Бугарија кое би требало да се одржи в петок на четврти февруари, копретседателот на заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу двете земји Драги Ѓоргиев оценува дека ова ја става комисијата во апсурдна ситуација. За Радио Слободна Европа тој вели дека не знае зошто е донесена таа одлука, меѓутоа дека ако политичарите нашле начин и формула да го слават заеднички Делчев тогаш тој сегмент од работата на комисија, како што вели, треба да биде тргнат.

„Мое лично мислење е дека заедничкото политичко чествување на Гоце Делчев од страна на двете влади ја става комисијата во поглед на заедничките чествувања во една апсурдна ситуација. Ако политичарите се договараат заеднички да чествуваат одредени личности или настани од историјата на Македонија и на Бугарија околу кои има некои точки на спојување тогаш која е целта на самата комисија? Што треба таа комисија да направи во однос на Гоце Делчев, ако веќе самите политичари се договориле да го слават Гоце Делчев заедно? “ вели Ѓорѓиев.

Извор: РСЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на златото достигна нов максимум

Цената на златото на светските берзи денеска…

Зеленски: Украина има план за нова контраофанзива

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Украина…

Левица со приватна кривична тужба против „Канал…

Левица информира до Основниот кривичен суд –…

Лукашенко: Дојде моментот Украина и Западот да…

Дојде моментот Украинците и западните земји да…