Објавено на:

(Видео) Русите со снимка: „Над 1.000 украински маринци се предадоа во Мариупол“

t

Портпаролот на руското министерство за одбрана Игор Конашенков денес кажа дека вчера се предале 1.026 украински маринци, додавајќи дека меѓу нив има 162 офицери и 47 жени. Руските телевизии објавија снимка за која тврдат дека го прикажува предавањето на украинските војници на руските сили.

„Тие своеволно го положија оружјето поради акциите кои ги преземаа руските сили и милицијата на Народна република Доњецк. Предавањето се случило кај фабриката за метал Илич во Мариупол“, кажа Конашенков.

Меѓу маринците кои се предале има 151 ранет војник, според руските тврдења. Откако на лице место им била дадена прва помош, тие биле префрлени во болница во Мариупол на понатамошно лекување.

Руските тврдења не се независно потврдени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чудна изјава на Гвардиола: Во кој било…

Којзнае кој пат последната деценија, Пеп Гвардиола…

Османи тврди дека Србија држи петмина косовски…

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека…

Борел: Земјите-членки на ЕУ треба да ги…

Земјите-членки на Европската Унија треба да ги…

Уште ова ни треба: Балканот може да…

Мајк Џонсон, претседател на Претставничкиот дом на…

Бајден за неговиот вујко: Го изедоа канибали

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека неговиот…