(Видео) „Швалерката“ на Петков: Бугарија ја поддржува европската иднина на Македонија и Албанија

t

Комисијата за надворешни работи на Народното собрание на Бугарија, согласно процедурата, денеска треба да го разгледа предлогот на француското претседателство со ЕУ за деблокирање на европскиот пат на Македонија, по што бугарската Влада ќе се запознае со деталите за да се види дали со предложениот документ се заштитени бугарските интереси, изјави за МИА шефицата на Кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков, Лена Бориславова.

Бориславова во кусата изјава нагласи и дека Бугарија ја поддржува европската перспектива на Република Македонија и Албанија.

Коментирајќи ја најавата на поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов дека 59-те пратеници на неговата партија ќе го поддржат „францускиот предлог“ на пленарна собраниска седница, Бориславова изјави дека ГЕРБ може да го поддржи предлогот во „пленарната сала на Народното собрание на Бугарија“.

Откако партијата на Слави Трифонов ја напушти кревката владина коалција во Бугарија и во ситуација кога се тресе премиерското столче на Кирил Петков, во бугарските медиуми објавено е видео на кое наводно се открива љубовна афера меѓу Петков и неговата шефица на кабинет, Лена Бориславова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Лукаревска: Имавме одличен изборен процес, очекувам…

Сања Лукаревска ексклузивно за Инфомакс како помина…

Левица: Мирен изборен ден во фер и…

Денешниот изборен ден помина мирно во фер…

(Видео) Јакимовски: Покажавме дека можеме да организираме…

- Моите искрени честитки до сите граѓани…

Нека победи најдобриот: Затворени гласачките места!

Во 19 часот затворени се избирачките места…

До 18 часот излегле 47,61% од гласачите,…

Излезеноста на претседателските избори до 18 часот…