(Видео) Шок! Коста се вклучил во живо на социјалните мрежи? Неверојатно видео кружи на Тик-Ток – Oна што го порачува момчето е морничаво!
На „ТикТок“ бил објавен „лајв стриминг“ на профилот кој го носи името на момчето Коста Кецмановиќ, а она што може да се слушне на видеото навистина е морничаво.
Поминаа 20 дена од масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ кој ја шокираше цела Србија и регионот, кога Коста Кецмановиќ убил 9 свои соученици и чуварот, Драган Влаховиќ. Сега на „ТикТок“ осамнал „лајв стриминг“, каде се шпекулирало дека момчето зборувало во него.
Ovo je bilo malo pre https://t.co/1Yclr85bVq pic.twitter.com/o0sTZnFoq6
— Mina (@mina_vrbaski) May 22, 2023
Имено, на „ТикТок“ била поставена и фотографија која неверојатно потсетувала на Коста.
Видеото го „преплавиле“ и коментари во кои корисниците на социјалната мрежа тврделе дека не е можно да се работи за Коста Кецмановиќ и дека станувало збор за лажен профил.
моли се муп србије да одмах крене да решава овај случај. неко се на тик року лажно представља као онај мали психопата и користи његове слике и видее плус снима лајв и глупира се. pic.twitter.com/kzjqY3N2Uf
— 16 (@diivlja) May 22, 2023
Тогаш момчето изговорило: „Јас сум Коста, девојкaта до мене може да потврди. Го убив нејзиното поранешно момче“. Ова видео предизвикало морници.
Корисниците на социјалната мрежа „ТикТок“ понатаму коментирале дека ова не е фотографија на Коста и дека се работи за актер кој глумел во серија емитувана на „Нетфликс“. Дополнително, следеле коментари како не е возможно да е тој и дека сè е измонтирано. Потоа се слуша морничавото смеење на момчето и девојката.
Во коментарите Коста наводно одговарал на прашања, меѓу кои и: „Кога ќе се врати на училиште и која смена е“? Момчето потврдило дека ќе се врати на училиште, што „згрозило“ многумина.
Да потсетиме, откако на 3 мај се случил масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, кога животот го загубиле многу деца, профилите за поддршка на Коста Кецмановиќ не престануваат да се појавуваат, а експертите предупредиле дека станувало збор за опасен тренд каде децата не ја сфаќале сериозно трагедијата што се случила. Коста Кецмановиќ предизвикал трагедија од невидени размери, влегувајќи во училиштето на Врачар, каде прво го убил чуварот и три ученички во холот, а потоа го продолжил „дивеењето“ во кабинетот по историја. Таму смртоносно застрелал уште 5 ученици, додека ранил неколкумина, меѓу кои и наставничката. По 12 дена на повредите подлегнало уште едно девојче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…