(Видео) Oхридски обвинител под закани од шефицата на вишото обвинителство во Битола не се воздржувал на фејсбук?!

t

Мери Тромбева, шефицата на Вишото јавно обвинителство во Битола, му се заканувала со покренување дисциплинска постапка на Војо Димоски, јавен обвинител од охридското Јавно обвинителство, наводно поради неговото „невоздржување“ на Фејсбук.

На интернет е објавена и снимка од разговорот во кој гласот, за кој Димоски вели дека е на Тромбева, го кара и му се заканува поради „написи на Фејсбук“.

„Да ви појаснам што се несоодветните написи: пред се тоа е моето инсистирање да се провери детално имотот на судиите и на обвинителите. Понатаму, тоа е моето имање став по однос на работите во правосудството, особено по однос на подјарменоста во однос на политичките елити. Па моето неприфаќање на (усмени!) сугестии за вакво или онакво постапување во конкретни предмети“, сведочи Димоски на Фејсбук.

Тој е обвинител во ОЈО Охрид полни десет години. Пред тоа бил адвокат кривичар околу седум години.

Димоски, преку својот адвокат, веќе испратил опомена до Тромбева, согласно Законот за вознемирување на работно место (мобинг).

– Со оглед дека до ден денешен за ова се нема произнесено ни таа, а ни државниот обвинител Љубомир Јовески, кој исто така е запознат со случајот, деновиве ќе поднесеме и тужба – вели Димоски за Плусинфо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ниту таткото ниту братот нема да одат…

Далибор Драгијевиќ (40) ќе биде погребан денеска…

До среда сончево и топло, а потоа…

До почетокот на следната седмица ќе се…

Два пожара во Охрид

На 10.04.2024 во 19.25 часот во СВР…

Пендаровски: Николоски никогаш не работел ништо во…

Уште од неговиот ангажман во Унијата на…

Салиу со морничаво предупредување: Како во најтемните…

Информациите кои стигаат од нашите извори во…