Објавено на:

Во Бејрут загина командант во Иранската револуционерна гарда генерал Абас Нилфорушан

t

Иранските власти денеска објавија дека „истакнатиот командант во Иранската револуционерна гарда (ИРГ), генерал Абас Нилфорушан (58) е убиен во израелски воздушен напад врз Бејрут“, во кој е убиен и лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.

Иранската државна новинска агенција ИРНА наведува дека генералот Нилфорушан бил под санкции на САД, пренесува АП.

САД го идентификуваа Нилфорушан како заменик командант за операции во ИРГ и го санкционираа во 2022 година со образложение дека тој раководи со организација „директно задолжена за сузбивање на граѓанските протести во Иран“.

Американските санкции против Нилфорушан беа воведени по повеќемесечните протести поради смртта на Махса Амини, која беше уапсена поради наводно непочитување на правилата за носење шамија, хиџаб, а потоа почина во притвор на иранската полиција за морал.

Нилфорушан служеше и во Сирија поддржувајќи го претседателот Башар ал-Асад во повеќедецениската граѓанска војна и служеше во Иранско-ирачката војна во 1980-тите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Бејрут загина командант во Иранската револуционерна…

Иранските власти денеска објавија дека „истакнатиот командант…

Ученици претепани со шипки додека биле на…

Вчера во 15.30 часот во Полициската станица…

Ирански патнички авион се вратил во Техеран…

Иранскиот патнички авион „Кешм Фарс“ од Техеран,…

Почина 31-годишна родилка во кумановската болница –…

Во кумановската болница доцна синоќа престанало да…

Љутков: Отвораме ново поглавје во развојот на…

Денеска во Охрид остварив билатерална средба со…