Објавено на:

Во Нигерија 31 лице загина во стампедо при делење бесплатна храна

t

Триесет и едно лице загина, а седум се повредени во стампедо при делење бесплатни намирници во градот Порт Харкорт во јужна Нигерија, соопшти полицијата. „До стампедото дојде кога многу луѓе почнаа да се туркаат за да добијат бесплатни намирници и оброци”, изјави за дпа портпаролката на полицијата на државата Риверс, Грејс Ајринџ-Коко.

Првите информации укажуваат дека пред почетокот на дистрибуцијата на храна во градот Порт Харкорт имало туркање меѓу насобраните луѓе, по што следело стампедо, рече таа. Локалните медиуми претходно објавија дека луѓето се собрале на хуманитарна манифестација наречена „Купи бесплатно“ одржана во Поло клубот во Порт Харкорт.

Многумина на влезот чекале од претходниот ден. Загинатите и повредените, наводно, биле пренесени во блиската градска воена болница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нигерија ќе се приклучи на БРИКС во…

Африканската нација гледа на членството како начин…

Масакар во католичка црква во Нигерија: Има…

Се стравува дека десетици верници, меѓу кои…

Трагедија во Нигерија: Повеќе од 100 луѓе…

Повеќе од 100 луѓе загинаа во експлозија…