Објавено на:

Германија ги предупреди граѓаните со руско потекло да не наседнуваат на пропагандата на Кремљ

t

Германската влада ги предупреди граѓаните со руско потекло во Германија да не наседнуваат на пропагандата на Кремљ. Владата ги повика граѓаните со руско потекло да се информираат од независни извори за војната во Украина.

Никој не треба да верува во кампањата за дезинформации на руските државни медиуми, кои известуваат цинично и со презир кон жртвите – изјави владиниот портпарол Волфганг Бихнер.

Тој ги повика граѓаните со руско потекло сеопфатно да се информираат преку различни национални и меѓународни медиуми. Апелот дојде откако вчера во Берлин се одржа протест со автомобили, на кој околу 900 луѓе демонстрираа против медиумската кампања против Русија и нејзините граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бомба од Пендаровски: Најблиските соработници на Мицкоски…

Претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ не откри…

Возило на МВР учестувало во судир на…

Возило на МВР учестувало во судир на…

ЕУ воведе санкции за воените крила на…

Земјите од Европската Унија денеска воведоа санкции…

Јакимовски: Мојата програма е најцеловита, немам зошто…

Мојата програма е најцеловита, немам зошто да…

Драстичен пад на цената на биткоинот

Цената на биткоинот во сабота попладне е…