Објавено на:

Германија и Австрија потврдија дека ќе го плаќаат рускиот гас во рубљи

t

Во исто време тврдат дека сакаат да дејствуваат во согласност со санкциите на ЕУ и новите руски правила кои бараат од западните земји што користат руски гас да плаќаат во рубљи.

„Сметаме дека е можна конверзија на плаќањата во согласност со законот за санкции и руската одредба. Унипер ќе продолжи да плаќа во евра и е во разговори со својот договорен партнер (Газпром) за конкретни модалитети на плаќање и тоа ќе го прави во блиска иднина во координација со германската влада“, соопшти Унипер.

Слична порака испрати и австриската ОМВ: „Го анализиравме барањето на Гаспром за начини на плаќање во светлината на санкциите на ЕУ и сега работиме на решение кое е во согласност со санкциите“.

Ваквиот развој на настаните следеше откако Русија ги прекина испораките на гас за Полска и Бугарија, со што драматично ескалираше нејзиниот одговор на санкциите што Западот ги воведе кон Русија поради инвазијата на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Воените вежби на НАТО во Финска…

Воените вежби на НАТО на територијата на…

Програмерите со највисоки плати, а со најниски…

Според пресметките на Државниот завод за статистика,…

Грчки граѓанин починал во битолско казино –…

Министерството за внатрешни работи (МВР) во дневниот…

Захарова: Поради вежбите на НАТО во Финска,…

Маневрите на НАТО во близина на границите…

Доставени се 12 приговори за заштита на…

Државната изборна комисија ја одржа првата прес-конференција…