Објавено на:

Германија, Франција и Велика Британија одбиваат гасот да го плаќаат во рубљи

t

Три европски земји не сакаат гасот да го плаќаат во рубљи.

Станува збор за Германија, Франција и Велика Британија. Најавата на рускиот претседател Владимир Путин е дека од утре, „непријателските земји“ ќе треба да отворат сметки во руската банка „Гаспром“ и да плаќаат во рубли за испораката на гас.

Германија, земјата која е најголем увезувач на руски гас во ЕУ, одговори дека нема да дозволат Путин да ги уценува.

И францускиот министер за економија, Бруно ле Мер, по разговорот со Хебек, порача дека и Франција и Германија се подготвуваат за намалување на увозот на руски гас.

Велика Британија исто така не сака да плаќа во руска валута.

Рубљата која нагло падна откако Русија ја почна инвазијата на Украина, сега се врати на нивото пред почетокот на војната.

Путин кажа дека секоја земја што ќе одбие да го користи механизмот за плаќање ќе ги прекрши нивните договори и ќе се соочи со „соодветни реперкусии“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванковска: Мојата цел не беше да победам,…

Кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска…

Ковачевски: Јасно е дека граѓаните не казнија…

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача…

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што…

Резултатите не се такви какви што ги…

Полиција пред штабот на „Вреди“ додека ДУИ…

Кордон полицајци е распореден пред штабот на…

Битиќи: Коалицискиот капацитет ќе биде одлучувачки за…

„За вториот круг на претседателските избори клучно…