Објавено на:

Германски разузнавачи: Украинскиот отпор во Донбас може да биде скршен во следните четири до пет недели

t

Во следните неколку недели руските сили веројатно ќе го скршат отпорот на вооружените сили на Украина во Донбас. Ваква анализа објавува објавува германското издание на „Дер Шпигел“, повикувајќи се на податоци на германските разузнавачки служби.

Според аналитичарите на германската агенција за надворешно разузнавање, локалните успеси на единиците на руската војска и борците на Доњецката и Луганската Република ќе одиграат одлучувачка улога во поразот на Вооружените сили на Украина во Донбас.

Отпорот на Украина може дури и да биде целосно скршен во следните четири до пет недели. Во серија тајни брифинзи во последните денови, аналитичарите на БНД забележуваат дека Русите се во состојба секојдневно да освојуваат мали територии – се вели во публикацијата.

Германското разузнавање предвидува дека Русите целосно ќе ја исчистат територијата на Донбас од украинските сили до август.

Германската федерална разузнавачка служба смета дека е можно до август, руските сили да ја преземат контролата врз целиот Донбас – се вели во текстот на „Дер Шпигел“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три лица загинаа во руски напади во…

Три лица загинаа во руски бомбашки напади…

Вучиќ денес на средба со Макрон: 14…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во…

Почина Србинката која беше застрелана од македонски…

Српската државјанка В.Ј. (30) од Трстеник, која…

Повеќе од 90 луѓе се удавија откако…

Повеќе од 90 луѓе се удавија откако…

НСДП најостро го осудува бруталното полициско апсење…

НСДП најостро го осудува бруталното полициско апсење…