Ги мобилизираа и Обединети Нации против штрајкот: Наставниците имаат право на штрајк, но тоа да не влијае на наставата, порача Ди Џовани

t

Наставниците имаат законско право на штрајк, но апелирам да се изнајде алтернативен начин да се штрајкува, кој нема да влијае на наставата на децата, затоа што децата мора да бидат во училишните клупи, истакна претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

– Сакам да ги поддржам наставниците во нивните законски права да бараат подобар стандард, поголеми плати но ова никако не може да биде врз грб на учениците кои и така поради пандемијата изгубија многу од наставата, додаде ДиЏовани.

Таа напомена дека УНИЦЕФ нема да го коментира штрајкот на наставниците, но како што рече, убаво би било да се најде иновативен начин со кој нема да бидат засегнати децата, додаде Ди Џовани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

26 годишно момче од Македонска Каменица уапсено…

Полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица…

Маричиќ вели дека оваа влада ги зголемила…

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за…

Израел тврди дека има ракетен напад, Иран…

Беспилотни летала беа „успешно соборени“ од иранската…

МОН ги известил училиштата дека неработните денови…

Министерството за образование и наука со допис…