Објавено на:

ГОЛЕМА ОПАСНОСТ ОД ГРАНАТИРАЊЕ: Тргна првиот воз со Украинците кои се евакуираат од Херсон

t

Украинските власти почнаа да ги евакуираат граѓаните од градот Херсон, неодамна ослободен од киевските трупи по неколкумесечна руска окупација, јави ДПА.

Сто лица патувале со воз до градот Хмелницки во западна Украина, соопшти украинското Министерство за инфраструктура. Меѓу нив има 26 деца и шест болни лица. По пристигнувањето во Хмелницки, сите евакуирани ќе добијат потврди дека се внатрешно раселени лица и државна финансиска помош.

Во средината на месецов, притиснати од украински контранапад, руските трупи кои го нападнаа и го зазедоа Херсон на почетокот на март се повлекоа од градот.

Меѓутоа, руските трупи се распоредија на позициите на спротивниот брег на реката Днепар и оттаму гаѓаат со артилериски оган. Инфраструктурата на Херсон е уништена до тој степен што украинските власти препорачаа граѓаните привремено да го напуштат градот. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање…

Во планинските подрачја утре ќе има краткотраен…

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку…

Украина наскоро ќе престане да постои доколку…

Хаос во Ерменија: На протестот за разграничување…

Ерменската полиција приведе до 100 демонстранти кои…

Џафери – Лапсли: Македонија е ценета членка…

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат…

Таткото на Вања со нова жалба пред…

Врховниот суд денеска одржа јавна седница по…