Голема промени во Владата во Софија: Се менува министерката за надворешни?! – дали причината е Македонија?

t

Бугарија за неколку дена ќе има нов министер за надворешни работи, пишува во новиот број бугарскиот неделник „Галерија“, повикувајќи се на „одлично информирани исвори“, пренесуваат Факти.бг.

Причините за повлекувањето на Теодора Генчовска биле „целосната некомпетентност и отсуството на елементарни познавања на дипломатијата и протоколот„, пишува неделникот.

Со најголеми шанси за нејзина наследничка била Весела Чернева, актуелна советничка на премиерот Кирил Петков. На Има таков народ, чиј претставник е Генчовска, ќе и биде предложено да замине како постојан претставник во НАТО.

Со помали шанси од тие на Чернева била актуелната заменик министерка за надворешни работи Велислава Петрова, пишува неделникот.

Симптоматично е што овие големи промени во Владата во Софија се случуваат во моменти кога бугарската и македонската Влада тајни преговараат за решавање на идентитетскиот спор за Македонците па логично се поставува прашањето дали промената е резултат на тврдиот став на партија на „Има таков народ“ на Слави Трифонов по однос на спорот со Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел вели дека ја покажал својата способност…

Денешниот напад „имаше намера да му сигнализира…

ЦУК: Изминатото деноноќие 1.709 повици на бројот…

Изминатото деноноќие имало вкупно 1.709 повици на…

САД и Австралија побараа ограничено движење за…

Амбасадата на САД во Израел денеска им…

УКРАИНА СИГУРНО ЈА ГУБИ ВОЈНАТА? Првата линија…

Одложувањето на помошта од Запад значи и…

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во Моравија починал македонскиот…

На 19 април 885 година во Моравија…