Објавено на:

Голем пад на берзите

t

Дау Џонс и С енд П 500 го забележаа својот најлош ден од денот кога пред една година американските пазари беа затворени, додека Насдак го има својот најлош ден во изминатиот месец.

С енд П 500 падна за речиси 3% на 4.200,89, додека Дау Џонс падна за 2,4% на 32.813,56. Технолошкиот Насдак индекс падна за 3,62% на 12.380,96.

Како што пазарите паѓаа, во Конгресот беа во тек дискусии за забрана на американските набавки на руска нафта и гас, при што и републиканците и демократите застанаа зад идејата. Во понеделникот, Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден не одлучил дали ќе потпише таков предлог-закон доколку се најде на неговото биро. Државниот секретар Антони Блинкен во минатото изјави дека санкциите на руската нафта и гас ќе им наштетат на Американците соочени со зголемените цени на бензинот.

Европа веќе се справува со рекордно високите цени на нафтата и природниот гас. Во понеделникот, тргувањето со фјучерси на природен гас на TTF – вво Холандија – постави рекорд на сите времиња од 345 евра за мегават-час.

Глобалните цени на нафтата во понеделникот го достигнаа највисокото ниво од финансиската криза во 2008 година, при што суровата нафта од типот „брент“ достигнаа 139 долари за барел пред да паднат на 123 долари. Цените на бензинот во САД се приближуваат до својот историски максимум од 4,103 долари за галон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец искршил стакла на банка во Аеродром

Вчера во 09:50 часот на подрачјето на…

(Фото) Од далеку многу, далеку од многу:…

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ имало околу 25.000…

Европската Унија издвои шест милијарди евра за…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

АТЕНТАТ НА ВИСОК РУСКИ ФУНКЦИОНЕР: Го избоделе…

Гувернерот на областа Мурманск, Андреј Чибис е…

Ванковска: Сè ни одземаа, освен душата –…

Претседателскиот кандидат Билјана Ванковска, поддржана од партијата…