Голем пропуст на државата кој доведе до уште една трагедија: Дискотеката „Привилиџ“ пред која беше убиен Тот немала лиценца за работа

t

Министерот за економија, Крешник Бектеши, за „Слободен печат“ потврди дека дискотеката „Привилиџ“, пред која беше убиен хрватскиот ракометар Денис Тот, немала лиценца за работа.

„Државниот пазарен инспекторат може да излезе на терен и да провери околу ова“, додаде Бектеши.

Од државниот пазарен инспекторат за „Слободен печат“ најавија дека повторно ќе постапат за овој ноќен клуб, иако и претходно постапувале.

Пред ноќниот клуб „Привилиџ“, минатата недела до смрт претепан беше ракометарот Денис Тот. За неговото убиство, се товарат три лица, од кои две се во триесетдневен притвор. Првоосомничениот Анџело Ѓоргиевски е во бегство и истражните органи петти ден не откриваат дали ја напуштил државата или е во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груби со куфер пред општина Чаир, Ганиу…

Артан Груби од ДУИ денеска на прес-конференцијата…

Европратениците ги осудија иранските напади врз Израел

Европскиот парламент со 357 гласа „за“, 20…

Таравари демантира тајна средба со Ахмети на…

Претседателскиот кандидат на албанската опозициска коалиција „Вреди“,…

Шест борбени авиони „Рафал“ слетаа во Хрватска

Првите шест од вкупно 12 повеќенаменски борбени…

„ЕВРОПА МОЖЕ ДА УМРЕ“ – Макрон шокираше…

Постои ризик дека нашата Европа може да…