Голем успех: Сервисиран еден од трите противпожарни авиони во земјава

t

Едниот слета, другиот полета. Во земјава пристигна првиот сервисиран Ертрактор кој има улога да гаси шумски пожари. Сервисот на овој авион заглави во Шпанија четири месеци. Иако таму беше испратен уште во јануари и до март требаше да биде испорачан, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Беким Максути во телефонски разговор за Алсат рече дека процедурата заглаваила кај резервните делови, бидејќи компанијата „Titan Firefighting“ ги немала на располагање сите потребни делови за него.

Од Дирекцијата без очекувања кога ќе се врати вториот Ертрактор од сервисирање иако шпанската компанија има рок од 60 дена или до средината на јули да го врати сервисиран авионот во земјава.

„Согласно процедурите и постоечкиот договор со Titan Firefighting company s.l. компанијата ги има сите неопходни делови за сервисирањето на вториот Ертрактор, во согласност со регулативите на ЕАСА и нормално условите од опреаторот коишто треба да го заврши сервисирањето. Секогаш се случува да се наоѓаат непредвидени работи кои повлекуваат и време за отстранување и дополнителни делови коишто операторот е обрзан да ги набавува од единствениот производител во САД. Поради ова се случува да и се активираат пеналите кон операторот за задоцнување на извршувањето на обврските кон договорот“, наведоа од Дирекцијата за заштита и спасување.

По враќањето на вториот авион, Дирекцијата за заштита и спасување од Скопје до Валенсија треба да го испрати и третиот. Тој би се пратил на сервис среде лето кога во земјава има најголема опасност од шумски пожари.

„ДЗС веќе има на располагање еден сервисиран Ертрактор. Се прават сите напори и притисоци да ги имаме сите авиони на располагање согласно Јавната Набавка за сервисирање, која е во траење од една година, да ги има на располагање сите три воздухоплови. Вториот Ертрактор денеска е заминат за сервисирање во Валенсија – Шпанија, а за третиот Ертрактор се прават подготовки за приспособување за лет на релација Скопје – Валенсија“, велат од ДЗС.

Лани летото во Македонија беснееа пожари, а државата немаше ниту еден авион да гаси шумски пожари па се бараше странска помош. За ова лето, засега има само еден авион кој може да гаси шумски пожари.

Извор: Алсат ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Моди леташе со борбени авиони произведени…

Премиерот го постави домашното производство на оружје…

Соборени два украински борбени авиони

Руската војска, исто така, соопшти дека неутрализирала…

Германија распоредува борбени авиони во Романија

Германија од крајот на ноември ќе распореди…

Њу Јорк Тајмс: САД го дуплираат своето…

САД го дуплираат своето воено присуство во…

Кинески авиони го нарушиле воздушниот простор на…

Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти…