Грчки митрополит: Црквата во Цариград признава „Охридска“ црква затоа што Охридската Архиепископија се имаше проширено и на териториите на Бугарија, Србија и Грција

t

Вселенската Патријаршија како Мајка Црква, во 19 и 20 век, по создавањето и граничното одредување на националните држави на Балканот, со Патријаршиски и Синодални Томоси создаде автокефални Цркви (Грција, Србија, Романија, Бугарија, Албанија). Тие автокефални Цркви ја опфаќале областа на една конкретна национално-државна единица. Доколку се случело да се прошират државните граници, Мајката Црква на автокефалната Црква ѝ доделувала црковна јурисдикција врз новите области, кои се додавале на државните граници, како што се случи со Јонските Острови во 1866 година и со Тесалија во 1882 година кај нас.

Доколку се создаде и признае една нова држава во црковната јурисдикција на една автокефална Црква што Вселенската Патријаршија со Томос ја создала, признала и доделила -говорам за Македонија- тогаш територијата на новата држава се враќа во канонската јурисдикција на Вселенската Патријаршија. На Мајката Црква, Вселенската Патријаршија, ѝ се враќа духовната и канонската одговорност за уредување на црковните работи во новата независна држава. Тоа важи и во случај кога една држава која има Томос за автокефалија, од која било причина престане да постои. И во тој случај, географското владение на државата се враќа на Мајката Црква, која ги има доделено тие области и ја создала конкретната автокефалија за таа држава.

Издавањето на Томос за создавање на национални автокефални Цркви претставува црковна работа и дело, но не се завршува еднострано. Се доделува со согласното мнение или содејство на највисоката политичка власт на секоја национална држава.

Се подразбира дека, како што политичката власт на Србија не е овластена самоволно да интервенира во државните работи на Македонија, од истата причина и Црквата на Србија нема канонски права, ниту црковна јурисдикција на територијата на таа меѓународно признаена нова држава, која е „најмалото дете“ меѓу балканските држави.

„И настана идентитет и држава национална“ (27.01.2019) – напишав по Договорот од Преспа.

Следствено, во рамките на својата канонска грижа и одговорност, Вселенската Патријаршија ја прифати „во евхаристиско општење јерархијата, клирот и народот на оваа Црква под Архиепископот г. Стефан, лекувајќи ја раната на расколот и излевајќи „вино и елеј“ врз раната на нашите тамошни, православни браќа. Кон ова се издава и соодветен Патријаршиски и Синодален Акт… Како име на оваа Црква го признава „Охридска“ (имајќи го на ум, како област на нејзината јурисдикција, владението во границите на државата Македонија)“, и тоа затоа што Охридската Архиепископија во епохата на империите се имаше проширено и на териториите на денешните владенија на Бугарија, Србија и Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжува потрагата по телото на двегодишната Данка…

Потрагата по телото на двегодишната Данка Илиќ…

Моди вети повеќе работни места доколку победи…

Партијата Бхаратија Џаната (БЈП) на индискиот премиер…

Бочварски: 864 социјални станови за 864 македонски…

Подаваме рака на секого! Изградени 11 социјални…

(Вознемирувачко видео) Снимен е моментот пред трагичната…

Сега се појави вознемирувачко видео од смртта.…

Хрватската полиција протера српски министер од Јасеновац

На министерот во Владата на Србија задолжен…