Објавено на:

Дали постои закана од Москва?! – Бајден до шефовите на тајните служби: Извештаите за споделување информации со Украина треба да престанат

t

Претседателот Џо Бајден разговарал со највисоките американски разузнавачки и одбранбени функционери за да ја нагласи важноста на нивната работа, но исто така им порачал дека неодамнешните извештаи за размена на американско разузнавање со Украина се контрапродуктивни.

Во телефонски разговор со директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, директорот на Националната разузнавачка служба Аврил Хејнс, и министерот за одбрана Лојд Остин, пораката на Бајден била дека таквите информации „го одвлекуваат вниманието од американската цел – соопштил претставник на администрацијата, објави „НБЦ њуз“.

Друг функционер изјавил дека Бајден порачал дека истекувањето на податоци треба да престане.

ЦИА и канцеларијата на ДНИ одбиле да коментираат, а Пентагон и Националниот совет за безбедност не одговориле на барањата за коментар.

Ваквиот извештај следува по информациите во медиумите дека америкаснки разузнавачки податоци биле клучни за потопувањето на рускиот команен брод „Москва“ како текстот во „Њујорк Тајмс“ за тоа дека САД и дале разузнавачки податоци на Украина кои и помогнале на украинската армија да убие голем број руски генерали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец искршил стакла на банка во Аеродром

Вчера во 09:50 часот на подрачјето на…

(Фото) Од далеку многу, далеку од многу:…

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ имало околу 25.000…

Европската Унија издвои шест милијарди евра за…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

АТЕНТАТ НА ВИСОК РУСКИ ФУНКЦИОНЕР: Го избоделе…

Гувернерот на областа Мурманск, Андреј Чибис е…

Ванковска: Сè ни одземаа, освен душата –…

Претседателскиот кандидат Билјана Ванковска, поддржана од партијата…