Објавено на:

Две лица загинаа, а 29 се ранети во бомбардирање на Славјанск

t

Најмалку две лица загинаа, а 29 се ранети во руско гранатирање во Славјанск во источна Украина, изјави регионалниот гувернер.

„Во Славјанск има двајца мртви и 29 ранети, оштетени се административни згради и канцеларии, како и пет згради и седум куќи“, наведе гувернерот Павло Кириленко на Фејсбук.

Тој рече дека руските сили го погодиле центарот на градот со две ракети С-300 околу 10:30 часот по локално време.

Гувернерот додаде дека бил погоден уште еден град во регионот Доњецк – Дружковка.

Тој рече дека две ракети С-300 погодиле сиропиталиште во тој град и речиси целосно го уништиле, а во тој напад немало жртви.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски на социјалните мрежи напиша дека уште еден ден започнал со „тероризмот на Руската Федерација“ и дека „државата агресор го погодила градот Славјанск“.

„Непријателот треба да знае, Украина нема да ги прости страдањата наметнати на нашиот народ, нема да прости за загинатите и ранетите“, додаде Зеленски.

За руските сили, освојувањето на регионот Доњецк им е главен воен приоритет, а минатата година објавија дека го анектирале регионот, иако тој не е целосно под нивна контрола, наведува агенцијата „Франс прес“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Два месеци германски воен брод ги штител…

Германски воен брод рано утринава ја заврши…

(Видео) Силно невреме, поплави и прекини на…

Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса,…

Вучиќ: Американски компании ќе градат големи проекти…

Имаме големи економски проекти, американските компании градат…

Директорката на црногорската Агенција за спречување на…

Директорката на црногорската Агенција за спречување на…

Руски ракетни напади врз Запорожје и Одеса

Руските сили изутринава извршија ракетни напади врз…