Денеска пресуда за „Плацовите на Водно“

t

Основниот кривичен суд Скопје денеска попладне треба да ја изрече пресудата за случајот „Плацови на Водно“ во кој првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски.

Обвинети се уште пет други лица: Сашо Мијалков, Ристо Новачевски, Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска-Камчева, за која обвинителството во завршните зборови се откажа од кривичен прогон поради застарување на делото.

На Груевски на товар му се ставаат делата перење пари и противправно стекнување и прикривање имот. Во случајот обвинителството тврди дека Груевски со пари кои биле донација за ВМРО-ДПМНЕ прибавил 1,3 милиони евра, а потоа ги пуштал во оптек и купувал имот. Обвинението опфаќа плацови на Водно, станови во Скопје и земјиште во Крушево. Во шемата на купување имот, според обвинителството, се вклучени и офшор фирми, односно била искористена компанијата „Сирах лимитед“ од Белизе во сопственост на обвинетиот Јосифовиќ, и преку неа се отворила фирма-ќерка во Македонија, „Сирах инженеринг“, за чиј управител бил назначен кумот на Груевски од првиот брак, Ристо Новачевски. Тој, според обвинението, за експремиерот го купил и земјиштето во Крушево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Агелер будно го следи изборниот процес…

Денес нека се слушне вашиот глас и…

Нема поголеми нарушувања или инциденти досега во…

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко…

Таткото на осомничениот за убиството на Данка…

Во Вишото јавно обвинителство во Заечар денеска…

Шри Ланка планира да се приклучи на…

Шри Ланка планира наскоро да се приклучи…

Рекордери во Македонија: Во Крива Паланка излезноста…

Во Крива Паланка денеска до 11 часот…