Дескоски за отворањето на клубот посветен на Иван Михајлов: Ругање со слободарска Битола

t

Тони Дескоски, професорот по меѓународно право на УКИМ, реагираше на денешната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков кој во Битола ќе отвори клуб кој ќе работи во состав на културниот центар „Иван Михаилов“.

„Кој парадокс,

Дури и самиот Михајлов во 1944 се откажал од идејата да воспостави квислиншка фашистичка творба во Македонија, свесен за големиот народен отпор кон фашизмот и веќе извесниот пораз на Хитлеровата коалиција.

Да му се прави клуб на Хитлеровиот квислинг е обична спрдачина со НОБ и со антифашистичките традиции на Македонскиот народ. И ругање со слободарска Битола.

Очигледно нашите државни органи не си ја вршат работата. И да сме на јасно, ова не е проблем само на Бугарскиот премиер (иако тој би морал да е свесен дека Михајлов е Хитлеров и Павелиќев квислинг и да одбие да учествува во ваква ујдурма), туку е проблем на нашата држава.

Фашизмот ни се повампирува на голема врата, а никој не е надлежен. п.с. Очекувам следниот клуб на оваа дружина да го носи името на Мане Мачков“, напиша професорот на Фејсбук.

Петков доаѓа придружуван од потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ванковска: Мојата цел не беше да победам,…

Кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска…

Ковачевски: Јасно е дека граѓаните не казнија…

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача…

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што…

Резултатите не се такви какви што ги…

Полиција пред штабот на „Вреди“ додека ДУИ…

Кордон полицајци е распореден пред штабот на…

Битиќи: Коалицискиот капацитет ќе биде одлучувачки за…

„За вториот круг на претседателските избори клучно…