Дукоски: Дали е реално во најобезбедуваната банка во центарот на Скопје на Тодоровска некој да ѝ земе 700.000 евра?

t

Во овој случај нема доказ за перење пари. Ако тогашната градоначалничка на Битола дозволеше премамена на земјиштето, дом за стари лица навистина ќе имаше. Што се однесува на тоа дека Силјан Мицевски бил измамен, еве нека се обиде некој нему да му побара 70.000, а не 700.000 евра, истакна бранителот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски.

Тој се осврна и на пензионерката Лилјана Тодоровска, на која Мицевски ѝ уплатил 700.000 евра во денари. Дуковски е убеден дека тоа лице лаже и оти не може да ѝ се верува.

Тодоровска на својата сметка, објасни Дуковски, примила пари и тие пари се сосема легални. Како тие пари кои се исплаќани врз основа на договор подоцна стануваат измама, прашува адвокатот.

Дуковски објаснува дека Тодоровска потврдила дека ги подигнала парите и оти веднаш ѝ ги зеле две лица кои ги однеле кај Боки 13.

Дали е логично во најобезбедуваната банка во центарот на Скопје некој да ѝ земе толку пари – го праша Дуковски судот.

Затоа тој бара за сите обвинети да има ослободителна пресуда бидејќи судот не го докажал делото за кое се товарат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Стево прифаќал ДЕБАТА, ама не одел!?

Лидерот на политичката партиј Левица, Димитар Апасиев…

Ковачевски му одговори на Мицкоски: Јас не…

Нема да дозволиме, порача лидерот на СДСМ…

Димитриевски напаѓа нов рекорд во Рајо Ваљекано!

Рајо Ваљекано не игра блескава сезона, но…

55-годишен скопјанец физички нападнат од три лица

55-годишен скопјанец пријавил во полиција дека бил…

Дмитро Кулеба ги дефинираше петте главни цели…

– Министерот за надворешни работи на Украина…